PRIMA DANZA
Modern and DanceSport Society
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
DanceSport Society
PRIMA DANZA
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
ТАНГО

ВЕЧНА СПРОТИВНОСТ, ЕРОТИКА, СТРАСТ

#WeAreDanceRecreation

Tuesday, May 26, 2020
Тангото е составен дел на начинот на животот на народот на Аргентина и нејзиниот главен град, Буенос Аирес. Меѓутоа самото потекло на танцот е во големи прашалници. Името Танго може да се поврзе со зборот "Tambor“ (тапан), кој потсетува на празниците на јужно - афричките народи пропратени со музиката на тапаните. На почетокот на 19. век, изразот се појавил и во Куба, Уругвај и во Бразил, означувајки и соло и танц во двојка.

Важно влијание врз Тангото, како танцово така и музичко, имала Кубанската Хабанера и Аргентинската Милонга. Модернизираното Танго добило име Танго Аргентино, кое се проширило воглавно во пристанишните квартови на Буенос Аирес и на бреговите на La Plata. Танцот се прати најчесто со музика на виолина, гитара, флејта и клавир. После 1870 година танцот се прати со Бандонеон, инструмент импортиран од Германија кој претставува хроматска тангоармоника.

Во Тангото кое е проткаено со Шпанско - Аргентинска тага, се покажуваат спротивности машко - женско, тврдо - меко, грубо - сентиментално. На почетокот на 20. век, Тангото станува друштвена игра во Аргентина. Во 1907 година преминал и во Европа и го опседнал Париз, појавувајки се во Чпанско - Аргентинските локали каде исто така е прифатен како друштвена игра. Првиот натпревар во Танго е организиран во Ница. Во 1912 година се појавила танго грозница низ цела Европа, меѓутоа бил и напаѓан поради невкусниот стил. Посебно црквата била против, поради што бил забранет како танц на подолго време. Ако некој во тоа време бил фатен да танцува Танго, едноставно бил апсен и осудуван. После повеке години, неговата строгост добила поблага форма и Тангото повторно се вратил во животот на танцот.

Во 1920 и 1921 година Англичаните го реформирале јужноамериканското Танго. Оваа поедноставена верзија не била баш прифатена, меѓутоа на Танго конференцијата организирана 1922 година во Лондон, тангото е прилагодено кон Англискиот стил. Сентименталното Танго Аргентино е заменето со Англиското Танго кое имало различен стил: нагли и брзи движења (првенствено со главата), страсните прогресивни движења, нагли задоцнувања и еднозначно одвојување на фигурите.

Денес на натпреварите постојат две врсти Танго. Едната врста е со англиски стил и се танцува на натпреварите во Стандардни танци, а другата врста е Аргентинско Танго, која е во програмите на шоу танците во групата на "Special Couple Dances“ (посебни танци за двојки).

Тангото е втор танц по ред на натпреварите во Стандардни танци, меѓутоа претставува вистински исклучок поради своето потекло. Формата која и денес ја танцуваме е стандардизирана во 1929 година. Таа од 1930 година е превземена и во Германија.

Tuesday, May 26, 2020
Во натпреварувачкото Танго нема подигања и спуштања. Се чувствува постојана контрола низ внатрешниот дел на стопалата. Прогресивните движења почнуваат со исчекор преку петата. Колената се лесно свиткани цело време, а нозете не се пружаат ни кај приклучоците кон другото стопало. Стопалата се поставуваат, а не лизгаат по подиумот, се движат брзо, меѓутоа не смее да се даде впечаток на тврдост или крутост.

Едноставни чекори напред и назад кои можат да се танцуваат и по блага кружница, го даваат основното Танго движење. Тангото не смее да изгледа механички, треба да дава впечаток на мачка или тигар, а при движењата да се нагласи шпанската ароганција.

Карактер:

Чврст и убедлив, без нишање, просторно движење, staccato акција;

Движење:

Елегантно, промени при динамичното движење и супериорните застанувања, мир и стабилност, флексибилност во облик на движење на мачка;

Такт:

2/4;

Темпо:

31 - 33 тактови/минута;

Наглсок:

На првиот и третиот удар;

Подигање и спуштање:

Нема;

Динамика:

Добро избалансирана тежина и просторно - временско движење.

Bronze

Back corte
Closed promenade
Natural promenade turn
Natural twist turn
Open promenade
Open reverse turn, partner in line, closed finish
Open reverse turn, partner outside, open or closed finish
Progressive link
Progressive side step
Progressive side step reverse turn
Rock turn
Rocks on RF and LF
Walks

Silver

Back open promenade
Brush tap
Fallaway promenade
Four step
Four step change
Outside swivels
Promenade link

Gold

Basic reverse turn
(IDTA: bronze)
Chase
Contra check
Drop or tilt oversway (IDTA)
Fallaway four step
Fallaway reverse and slip pivot
(IDTA: common figure)
Five step
Mini five step (IDTA)
Oversway

* (ISTD) или (IDTA) - Фигури кои припаѓат само на една од листите соодветно
* (IDTA: bronze/silver/gold) - Фигури кои на IDTA листата се на различно ниво
* (IDTA: common figure) - Фигури карактеристични за повеќе од еден танц

* ISTD - Imperial Society of Teachers of Dancing (Кралско Друштво на Танц Учители)
* IDTA - International Dance Teachers Association (Меѓународна Асоцијација на Танц Учители)

#WeAreDanceSport