Потеклото на Квикстепот е опишано со потеклото на Слоуфоксот, се до поделбата на Фокстрот танцот на Слоуфокс и Квикстеп во 1924 година. Во почетокот, Квикстепот се нарекувал „Quicktime Fоxtrott“ и „Charleston“, кој ги превземал Chasse чекорите. Основното движење го чинат Chasse и Lock Step чекорите, направени во различни позиции.
Танцот се оживува со брзи и контролирано континуирани трчечки чекори, низ нивна динамика и темпо и со постојана промена на „Quick“ (брзо) и „Slow“ (бавно). Од партнерот се бара мирен став и држење како и чиста техника на стопалата. Може да се каже дека Квикстепот е највесел танц. Кон тоа допринел и фактот, дека после 2. светска војна, прошол низ темелна промена на стилот: се збогатил со мали, ритмички поскоци.
Квикстеп се танцува како 5. танц на танцовите натпревари во Стандардни танци.
При брзото движење на две тела мора да постои голема синхронизација, заедничко разбирање во користењето на тензијата во нозете и зглобовите. Да би се постигнала вистинска музичка интерпретација, времето на слоу чекорот малку се продолжува форсирајки при тоа остра акција на квик чекорот.
Брзо движење, трик чекори, мешавина на полетни и приземни чекори;
Такт:
4/4;
Темпо:
50 - 52 тактови/минута;
Наглсок:
На првиот и третиот удар;
Подигање и спуштање:
Подигање на крајот на 1, продолжување на подигањето на 2 и 3, горе на крај на 4, спуштање на крај на 4;
Динамика:
Флуидност, полетно и приземно движење.
Bronze
Backward lock step Chasse reverse turn Closed impetus Double reverse spin (IDTA: silver) Forward lock step Natural pivot turn Natural spin turn Natural turn Natural turn and backward lock (IDTA: silver) Natural turn with hesitation Progressive chasse Progressive chasse to R Quarter turn to R Reverse pivot Running finish Tipple chasse to R
Silver
Closed telemark Fishtail Four quick run Quick open reverse (IDTA: bronze) Running right turn Tipple chasse to L (IDTA) V6
Gold
Cross swivel (IDTA: silver) Hover corte Rumba cross Running spin turn (IDTA) Six quick run Tipsy to R and L
* (ISTD) или (IDTA) - Фигури кои припаѓат само на една од листите соодветно * (IDTA: bronze/silver/gold) - Фигури кои на IDTA листата се на различно ниво * (IDTA: common figure) - Фигури карактеристични за повеќе од еден танц
* ISTD - Imperial Society of Teachers of Dancing (Кралско Друштво на Танц Учители) * IDTA - International Dance Teachers Association (Меѓународна Асоцијација на Танц Учители)