Почетната Програма Салса ги поставува основните темели на Карибската група Латино танци. Таа е дизајнирана за нови студенти кои сакаат да се запознаат со првите танц чекори и поими на популарната
Салса, Бачата, Меренге, Кизомба, Зук.
На часовите се изучуват елементарни и атрактивни почетни фигури, со цел да се доживеат основните чувства на забава и рекреација, како и предизвикот и возбудата кои овие танци ги пружаат на танцовите забави во градот.