Детските Латино програми се исполнети со основни и сложени танц чекори и техники на секогаш атрактивните и егзотични Латино ритми.
Со посебен осврт на работата на рацете, телото и стапалата, сплотени со уникатниот Латино карактер и емоциите, нашите експерти креираат профил на деца и млади кои градат висок степен на самодоверба, убав изглед, правилно телесно држење, префинет вкус, елеганција, тимска работа.