PRIMA DANZA
Modern and DanceSport Society
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
DanceSport Society
PRIMA DANZA
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
ЧА ЧА ЧА

АКО РУМБАТА Е МАЈКАТА, КОЈ Е ТАТКОТО ... ?

#WeAreDanceRecreation

Tuesday, May 26, 2020
Ча Ча Ча е танц кој ја проширува фамилијата на Латиноамерикански Спортски Танци. Тој танц се сврстува меѓу најновите појави во развитокот на Афро Кубанската музика и исто како и за Мамбото, првично постоела само музичка форма. Уметнички создаден танц, варијанта на Румбата и Мамбото, релативно брз, се танцува на мал простор, разигран и изразито полн со идеи. Креатор на Ча Ча Ча музиката е еден музичар од Хавана, Enrique Jorrin, кој во 1953 година развил побавен Мамбо Ча Ча Ча од пребрзо одсвиреното Мамбо, меѓутоа не стекнал вистинска слава со таа проба. Местото на раѓање на Ча Ча Ча е Palladium на Brodway во New York. Самото име Ча Ча Ча може да се поврзе со ритмичкиот дел од музиката, каде што музичарите разбирливо и јасно „изразуваат“, а танчерите интерпретираат секвенца од три мали чекори наречена Chasse.

Chasse претставува след од три чекори кои ги танцуваме во основната форма на Ча Ча Ча. Мора да се обрати внимание дека ширината на чекорите не ја надминува ширината на колковите. Chasse можеме да танцуваме со вртење или без, напред, назад, на страна или на место. Како резултат на преносот на тежината на испружената нога се случува движење на колковите за време на танцувањето. Важно е дека не се работи свесен „вметнат замав“ на колковите бидејки не е елегантно. Природното движење на колковите никогаш не изгледа претерано. Кубанската музика, односно танц, прво ја освоил Северна Америка, каде од 1954 година станал еден од најпосакуваните танци. Исто така и Европа била отворена кон музиката и танците со Латиноамериканско потекло и многу брзо во повеќе земји Ча Ча Ча станал многу популарен (на пример во Германија, во 1957 година, Gerd и Traute Hadrich по прв пат го покажале танцот на конгресот на Друштвото на танцови учители на Германија).

Со својот чист и јасен ритам, со веселите фигури и многубројните варијации, овој танц направил брз пробив. Карактеристиката му е дека скоро секоја негова основна фигура може да се префрли во Румба. Секако дека мора да се внимава интерпретацијата на пренесените фигури секогаш да биде во склад со карактерот на танцот. Во текот на танцувањето, танцовите двојки се чувствуваат слободни, ги карактеризира добро расположение и меѓусебна опседнатост. Самоуверени, малку се поигруваат со партнерот или партнерката, а истовремено и со гледачите.

Ча Ча Ча, како и сите останати Латиноамерикански танци, во 1961 година е внесен на Спортските Танц Натпревари. Од тогаш е еден од најомилените. Музиката е брза, дрска, темпераментна и испрекината. Занимливо е и тоа дека Ча Ча Ча може да се танцува и на диско и поп музика доколку се вклопува ритмички.

Ча Ча Ча се танцува како 2. танц на натпреварите во Латиноамерикански танци.

Tuesday, May 26, 2020
Во овој танц нагласокот е на нозете и стопалата. Кореографијата не би смеела да дозволи преголемо просторно движење. Големо внимание мора да се посвети на складноста помеѓу ритмот и движењето.

Карактер:

Дрзок, жив, страствен;

Движење:

Стационарно, двојката се движи во исти и спротивни насоки;

Такт:

4/4;

Темпо:

30 - 32 тактови/минута;

Наглсок:

На првиот удар;

Подигање и спуштање:

Нема;

Динамика:

Одмерени движења, одеднаш, тешко директен и слободни движења.

Bronze

Alemana
Basic in place
Basic movement
Closed hip twist
Fan
Fwd. & Bkwd. runs
Hand to hand
Hockey stick
Natural opening out movement (ISTD)
Natural top
New York
Open basic
Shoulder to shoulder:
simple method (ISTD)
Side step (ISTD)
Spot turns
Three cha cha chas (ISTD)
Time steps
Underarm turns (IDTA)

Silver

Aida (ISTD)
Curl (ISTD)
Open hip twist
Opening out from reverse top (ISTD)
Reverse top (ISTD)
Ronde chasse (IDTA)
Shoulder to shoulder
(IDTA: bronze)
Spiral

Gold

Advanced hip twists
Cross basic (IDTA: silver)
Cuban breaks
Follow my leader (ISTD)
Foot changes
Hip twist spirals
Rope spinning (ISTD)
Split cuban breaks (IDTA)
Sweetheart (ISTD)
Turkish towel (ISTD)

* (ISTD) или (IDTA) - Фигури кои припаѓат само на една од листите соодветно
* (IDTA: bronze/silver/gold) - Фигури кои на IDTA листата се на различно ниво
* (IDTA: common figure) - Фигури карактеристични за повеќе од еден танц

* ISTD - Imperial Society of Teachers of Dancing (Кралско Друштво на Танц Учители)
* IDTA - International Dance Teachers Association (Меѓународна Асоцијација на Танц Учители)

#WeAreDanceSport