PRIMA DANZA
Modern and DanceSport Society
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
DanceSport Society
PRIMA DANZA
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
СЛОУФОКС

ТЕЧЕ, СЕ НИША. ТАНЦУВАЈТЕ НА ДОЖД

#WeAreDanceRecreation

Tuesday, May 26, 2020
Потеклото на Слоуфоксот можеме да го бараме во танците Onestep и Rag. Onestep прешол од Северна Америка во Европа околу 1910 година, а бил танц кој личел на одење, чекорница, поедноставено едночекорно движење, без Chasse чекорот и со непроменлив ритам. Овој танц го танцувале на брз 2/4 ритам напред, назад или понекогаш во страна, без вртења и на предниот дел од стопалата. Како друштвена игра, го заменил Twostep (личел на полка, само без поскокнувања).

Onestep првенствено дошол до израз во Англија, каде го потиснал Валцерот. Што се однесува до популарноста, рамноправно се борел со Тангото, кое останало специјалност на Французите. 1912 година, во Англија се проширил Ragtime, првата модерна форма на танцова музика. Како последица на таа музика, од Onestep се развил Rag, кој се танцувал на свиткани колена, а во неговиот ритам се појавило и синкопирање. Како поминувало времето, Onestep и Rag музиката почнале да ја свират побавно, така што и чекорите станале побавни. Така имало доволно време за воведување на таканаречениот Chasse чекор кој го овозможил развитокот на tancot Foxtrott (Фокстрот). Фокстрот се состои од бавни и брзи чекори направени напред и назад, збогатени со Chasse чекори кои се менуваат по желба на партнерот.

Англиските танц учители брзо го вградиле својот стил и така понатака го развивале. Чекорите напред ги подвижувале преку петата и така добиле значително поголем залет во текот на танцувањето. 1922 година ја утемелиле неговата денешна форма, а од 1924 година Фокстрот се раздвоил во две нови варијации врз темелите на брзината на свирењето на музиката: на таканаречен Slow Foxtrott (Слоуфокс - Slowfox) и на побрз Фокстрот, наречен Квикстеп (Quickstep).

Слоуфокс се темели на долги, лизгачки, уметнички обликувани движења, следејки линеарни насоки. Колената се благо испружени, што не значи дека се затегнати, туку се флексибилни и спремни за движење. Во Слоуфокс сите чекори се со речиси иста должина, а телото е цело време во движење. Нозете се движат континуирано, што го нагласува одењето и карактерот на танцот. Во текот на танцувањето акцијата на подигање и спуштање не е силно нагласена, бидејки мора да се постигне впечаток на долго, речиси рамно таласно движење. Движењето на телото е континуирано и наизменично се ниша едната, па другата страна на телото напред, што предизвикува хармонично движење на телото.

Слоуфокс е прилично тежок танц поради што во танцовите школи се изучува дури подоцна во напредните нивои. Слоуфокс се покажува во широкопросторно, континуирано прогресивно, таласно одечко движење. Карактеристични се долгите, растегнати чекори со замав, одтанцувани со лежерна елеганција, која ја разбиваат брзи вртења и изненадни позиции, што на овој танц му дава доза на магичност. „Во текот на танцувањето, ногата едноставно се поставува таму каде што бара нашето тежиште. Тој е најтежок танц од групата на Стандардни танци, а успехот зависи од тоа дали ќе се танцува така да не биде досаден. Тоа може да се постигне само ако се танцува интензивно и ако музички интензивно се интерпретира“ (Karl Breuer, повеќекратен светски првак и тренер).

Слоуфокс се танцува како 4. танц на танцовите натпревари во Стандардни танци.

Tuesday, May 26, 2020
Слоуфокс е танц со полно континуирани чекори напред и назад, на точно насочени линии. Континуираниот и флуиден карактер на Слоуфоксот ја отежнува изведбата на лесното подигање и спуштање. Важно е дека апсорпцијата на тежината на телото прво се одвива во колената, а дури после тоа во стапалата. Работата на стапалата мора да го подржува таканаречениот Body Swing (нишање на телото) со туркање од потпорната нога и со повлекување за време на прифаќањето на тежината на потпорната нога.

Карактер:

Чист и отмен;

Движење:

Континуирано, прогресивно и просторно движење,
рамно и по точно насочени линии;

Такт:

4/4;

Темпо:

28 - 30 тактови/минута;

Наглсок:

На првиот и третиот удар;

Подигање и спуштање:

Подигање на крајот на 1, горе на 2 и 3, спуштање на крај на 3;

Динамика:

Тековно и просторно движење.

Bronze

Basic Weave
Change of direction
Closed impetus
Feather step
Natural turn
Natural weave
(IDTA: silver)
Reverse turn and feather finish
Three step

Silver

Closed telemark
Hover cross
(IDTA: gold)
Hover feather
Hover telemark
Natural telemark
Open impetus
Open telemark and feather ending
Open telemark, natural turn,
outside swivel and feather ending
Quick natural weave (IDTA)
Quick open reverse (IDTA)
Reverse pivot (IDTA)
Reverse wave
(IDTA: bronze)
Top spin
Weave from PP

Gold

Back feather
Bounce fallaway with
weave ending (ISTD)
Curved feather
Curved three step (IDTA)
Extended reverse wave (IDTA)
Fallaway reverse, slip pivot
Natural hover telemark
Natural twist turn
(IDTA: silver)
Natural zig zag from PP

* (ISTD) или (IDTA) - Фигури кои припаѓат само на една од листите соодветно
* (IDTA: bronze/silver/gold) - Фигури кои на IDTA листата се на различно ниво
* (IDTA: common figure) - Фигури карактеристични за повеќе од еден танц

* ISTD - Imperial Society of Teachers of Dancing (Кралско Друштво на Танц Учители)
* IDTA - International Dance Teachers Association (Меѓународна Асоцијација на Танц Учители)

#WeAreDanceSport