PRIMA DANZA
Modern and DanceSport Society
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
DanceSport Society
PRIMA DANZA
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
РУМБА

ВО ЉУБОВНАТА РОМАНСА, СЕ Е МОЖНО

#WeAreDanceRecreation

Tuesday, May 26, 2020
Румбата е инаку збирно име на повеќе Кубански танци во двојки. Зборот Румба е одамна познат и значи „танц“. Во текот на танцувањето се мешаат лиричните со еротичните елементи, а музиката е полна со Афро Кубански ритмови. Од овие ритмови се развиле две врсти танци: Хабанера во 19. век и модерната Румба во 20. век. Овие два танци се во блиско сродство. Музиката се свири или бавно, како што подоцна во Европа е популарна Румбата Болеро, или во побрз ритам, како во Румбата Гуарача и Кубанската Румба.

Румбата во Европа пристигнала во 1930 година преку New York. Првиот Румба хит бил „The Peanut Vendor“, кој го освоил целиот свет. Првите кореографии ги изработиле Англичаните, а потоа ги превземале и Французите и Германците. Помеѓу 1931 и 1933 година, Румбата не се пробила многу бидејки поголемиот број не знаеле да ја танцуваат. Најчесто танцувале Фокстрот чекори додавајки им движења на колковите. Новиот залет го добила после 1945 година, благодарејки на Французите. Заедно со нив, со Румба се занимавале и Англичаните.

Во текот на две „Румба војни“ (1956 – 1958 и 1961 – 1963), се расправало за стандардизацијата на Румба техниката. Во сукоб биле таканаречениот „Cuban Style“, кој извесниот Француз, Pierre, го развил од Мамбото во Англија и „Square Rumba“, бавниот Румба Болеро, кој го развил Lucien David во Франција. „Румба војната“ завршила така што меѓународниот одбор одлучил, Румбата да може да се гради на два основни чекори. На крајот се проширил „Cuban Style“ со оглед на тоа што скоро сите двојки го користеле тој стил. Денешните танц школи исто така го користат тој стил.

Овој танц го карактеризира еротска игра и врело љубовно натпреварување. Во многу фигури се покажува уметноста на женското заведување. Во меѓусебната конверзација на мажот и жената, жената се двоуми помеѓу предавањето и одбивањето, а мажот помеѓу привлекувањето и независноста. Израз на овие состојби се постигнува со снажно движење на колковите и торзото. Во опишувањата од 19. век, Румбата се прикажува како страствен, заводлив танц во кој жената се труди да го заведе мажот со предизвикувачки движења на колковите. Движењето на колковите е типичен елемент на Румбата, кое се случува со пренос на тежината на испружената нога, при што е битно, да не се создава „вметнато движење на колковите“, бидејки не е елегантно. Природното движење на колковите никогаш нема да се чини претерано.

Во интерес на креирањето на естетски убав танц, во Румбата се внесени и различни џез елементи. Од 1964 година Румбата е признаена како натпреварувачки танц и од тогаш е неизоставен дел од програмата на Латиноамериканските танци.

Румбата се танцува како 3. танц на натпреварите во Латиноамерикански танци.

Tuesday, May 26, 2020
Во овој танц нагласокот е на нозете и стопалата. Кореографијата не би смеела да дозволи преголемо просторно движење. Големо внимание мора да се посвети на складноста помеѓу ритмот и движењето.

Карактер:

Еротична, чувствителна и страствена;

Движење:

Стационарно, просторно, лизгање, течно со нагласувања;

Такт:

4/4;

Темпо:

25 - 27 тактови/минута;

Наглсок:

На четвртиот удар;

Подигање и спуштање:

Нема;

Динамика:

Тешко, ритмични движења, јаки и директни чекори.

Bronze

Alemana
Basic movement
Closed hip twist
Cuban rocks
(IDTA: gold)
Cucarachas
Fan
Hand to hand
Hockey stick
Natural opening out movement
(IDTA: silver)
Natural top
New York
Progressive walks
Shoulder to shoulder (ISTD)
Side step (ISTD)
Spot turns

Silver

Aida (ISTD)
Curl
Forward walks in shadow (IDTA)
Open hip twist
(IDTA: bronze)
Open out from reverse top
Reverse top
(IDTA: bronze)
Shoulder to shoulder from hockey basic (ISTD)
Spiral

Gold

Advanced hip twist
Alemana with R to R hand hold
Alternative basic
(IDTA: silver)
Continuous circular hip twist (IDTA)
Continuous hip twists
Fallaway (IDTA)
Fencing (ISTD)
Kiki walks (ISTD)Opening out to R & L
(IDTA: silver)
Rope spinning
Sliding doors
Syncopated cuban rocks
Three alemanas (ISTD)
Three threes (ISTD)
Underarm turns to R, L
(IDTA: bronze)

* (ISTD) или (IDTA) - Фигури кои припаѓат само на една од листите соодветно
* (IDTA: bronze/silver/gold) - Фигури кои на IDTA листата се на различно ниво
* (IDTA: common figure) - Фигури карактеристични за повеќе од еден танц

* ISTD - Imperial Society of Teachers of Dancing (Кралско Друштво на Танц Учители)
* IDTA - International Dance Teachers Association (Меѓународна Асоцијација на Танц Учители)

#WeAreDanceSport