PRIMA DANZA
Modern and DanceSport Society
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
DanceSport Society
PRIMA DANZA
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
ПАСО ДОБЛЕ

ТОРЕАДОР, ПЛАШТ, БИК

#WeAreDanceRecreation

Tuesday, May 26, 2020
Пасо Добле по потекло е шпански танц и се танцува на музика на шпанска чекорница. Во Шпанија танцот сам по себе не се прикажува на танцовите подиуми, а доколку се случи тоа, се изведува во самостојна верзија. Познат е веќе од дваесетите години на 20. век кога го нарекувале како пантомима на коридата. Денешната форма е развиена во Франција, каде во почетокот го танцувале балетски уметници, а дури подоцна се развила натпреварувачка и шоу варијанта.

Пасо Добле ја прикажува коридата  во која танчерот ја превзема улогата на тореадорот, а танчерката на црвениот плашт. Танчерот и танчерката заедно се движат околу замислениот бик, при што изведуваат Фламенко елементи и стилизирани фигури кои подсетуваат на борбата во арената. Музиката е достоинствена, полетна, енергична, остра чекорница и е јасно структуирана: вовед и два главни дела со точно одредени врвови (фразирана).

Основата на танцот е „Пасо Добле“ (двочекор), нагласено поставување на петата и перничињата на стопалата како и ритмички патувачките чекори. Еден од карактеристичните елементи е Апел, чекор кој се танцува енергично, на едно место на перничето на стопалото, со благо спуштање на колената. Апел е често воведен чекор кај многу Пасо Добле фигури. Карактерот на танчерот во голема мерка го одредува мотивот на коридата. Од него како тореадор се очекува скоро претерана гордост, храбра одлучност и елеганција, а од танчерката свесна оддалеченост, голема флексибилност и брзина. И сето тоа како последица на тоа што на танчерот му е препуштена улогата на водењето. За овој танц е потребна голема концентрација, „оган“ и пригушена самоконтрола. Чекорите се изведуваат со затегнување на целата мускулатурна структура. Само така може да се постигне за овој танц карактеристично кратко и брзо движење како и изведување на контролираните пози. Потпорната нога е секогаш благо свиткана.

Од 1959 година Пасо Добле е внесен во кругот на Латиноамериканските натпреварувачки танци, како 4. танц.

Tuesday, May 26, 2020
Постојано се нагласува тродимензионалното менување на обликот на телото „зачинето“ со Фламенко движења и со користење на рацете, лактовите, зглобовите и прстите. За креирање на исправна динамична интерпретација се користат стопалата, поточно петите. Карактеристични се линиите: Spanish, Press Line, подигнувањата и Фламенко теповите.

Карактер:

Гордост и достоинство, Шпански со додаток на Фламенко чекори;

Движење:

Просторно и прогресивно, кружење и чекорење, движења со плашт;

Такт:

2/4;

Темпо:

60 - 62 тактови/минута;

Наглсок:

Лесен на првиот удар;

Подигање и спуштање:

Има во некои фигури;

Динамика:

Чекорењето е чврсто и директно.

Bronze

Appel
Basic movement
Chasses to R & L
Deplacement, including the attack
Drag
Fallaway ending to separation
Huit (cape)
Promenade
Promenade close (IDTA)
Promenade link
Separation
Separation with lady s caping walk
Sixteen
Sur place

Silver

Ecart (fallaway whisk)
Grand circle
La passe
Open telemark (ISTD)
Promenades
(IDTA: bronze)
Twist turn
(IDTA: bronze)

Gold

Banderillas
(IDTA: silver)
Chasse cape
Coup de pique (ISTD)
Fallaway reverse
(IDTA: silver)
Flamenco taps
Fregolina, incorporating the farol (ISTD)
Left foot variation (ISTD)
Spanish line
(IDTA: silver)
Syncopated separation
(IDTA: silver)
Traveling spins from CPP
Traveling spins from PP
Twists

* (ISTD) или (IDTA) - Фигури кои припаѓат само на една од листите соодветно
* (IDTA: bronze/silver/gold) - Фигури кои на IDTA листата се на различно ниво
* (IDTA: common figure) - Фигури карактеристични за повеќе од еден танц

* ISTD - Imperial Society of Teachers of Dancing (Кралско Друштво на Танц Учители)
* IDTA - International Dance Teachers Association (Меѓународна Асоцијација на Танц Учители)

#WeAreDanceSport