PRIMA DANZA
Modern and DanceSport Society
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
Modern and DanceSport Society
PRIMA DANZA
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
ВИЕНСКИ ВАЛЦЕР

ЗАПЛОВЕТЕ ПО ВОДИТЕ НА УБАВИОТ СИН ДУНАВ

#WeAreDanceRecreation

Tuesday, May 26, 2020
Истражувајки го коренот на Виенскиот Валцер, можеме да се вратиме до 12. или 13. век, во време на германските средновековни трубадури. Потеклото на Валцерот може да се препознае и во германскиот „Springtanz“, кој како танцов дел на непарниот ритам го следел воведниот танц на парниот ритам.

Голем дел од танцовите историчари Валцерот го спојува со стариот Dreher или Lander од 16. век. Во Германија и Австрија овој танц народот го танцувал без танц водител. Се користело 3/4 или 3/8 оро, во кое паровите се држеле испреплетено и танцувале околу замислен центар. Овој танц бил многу популарен. Според една друга верзија потеклото треба да го бараме во таканаречениот Langaus, танц во кој танчерите морале да одтанцуваат долж една прилично долга сала со што помалку вртења и чекори. Власта го забранила овој танц се до 18. век, бидејки било забрането вртењето, да се заврти танц партнерка или да се фрла во воздух.

Самиот збор „Waltzen“ се појавил околу 1750 година во една виенска комедија. Таа година Johann Wolfgang von Goethe известувал за искуства во врска со некој Германски танц, а 1752 година Carl von Zangen објавил книга „Etwas Uber da Waltzen“. 1787 година четири особи привлекле големо внимание танцувајки го првиот Валцер во Виенската опера “Una Cosa Rara“. Валцерот го учеле и на Прускиот двор веќе во 1794 година, меѓутоа кралицата го забранила бидејки не и се допаднал танцот. Во Берлин забраната била до 1918 година, меѓутоа сепак се танцувал на Минхенските забави. Походот на Виенскиот Валцер започнал после Виенскиот конгрес. Голема улога во тоа имале и мелодиите за валцер на Ланер и династијата Штраус.

Виенскиот Валцер, кој се состои од 6 чекори, бил поделен на два 3/4 такта за чие време се вртел полн круг со помош на тогашната балетна техника. Германија била средиште на збиднувањата врзани за Виенскиот Валцер се до дваесетите години на 20. век, кога бил потиснат скоро едно цело десетлетие од страна на останатите, помодерни и подинамични танци. Виенскиот Валцер никогаш не се одомаќинил во Англија. Нивното спротивставување го покажувало и тоа што на натпреварите во Англија, Виенскиот валцер бил последен во редоследот на танци кои се танцувале, додека во останатите земји бил на третото место.

Виенскиот Валцер бил повторно откриен во текот на трисетите години од 20. век како народен танц во Германија и Австрија. Karl von Mirkowitsch, австриски царски и кралски танц учител, го вовел повторно Виенскиот Валцер во кругот на друштвени и натпреварувачки танци. Танцот се танцува преку брзи, рамномерни чекори, кои го пополнуваат целиот простор и преку вртења. Во музиката земаат учество многу гудачки инструменти, за што може да му се заблагодари на кралот на валцерот, Andre Rieu. Оваа мелодична музика го подвижува секој танчер да танцува.

Виенскиот Валцер се танцува како 3. танц на танцовите натпревари во Стандардни танци.

Tuesday, May 26, 2020
Виенскиот Валцер е танц со прогресивно ротирачко движење и со нагласок на првиот удар. Партнерот или партнерката се на внатрешниот дел од кругот кога се движат наназад, а изведбата на тој дел е многу битна, бидејки неправилната изведба доведува до нерамнотежа на танцовата двојка. Нема наклон на првиот чекор. Крив наклон може да го блокира текот и прогресивноста на движењето. Исто така, приклучокот на ногата на три не смее да се примети на горниот дел од телото или главата.

Карактер:

Просторни движења со ротации и нишање;

Движење:

Прогресивно движење;

Такт:

3/4;

Темпо:

58 - 60 тактови/минута;

Наглсок:

На првиот удар;

Подигање и спуштање:

Нема подигање од стопалата на внатрешниот дел од кругот;

Динамика:

Тековно и просторно движење.

Bronze

Natural turn
Reverse turn
Forward closed change:
natural & reverse

Silver

Backward closed change:
natural & reverse

Gold

Natural fleckerl
Reverse fleckerl
Contra check

* (ISTD) или (IDTA) - Фигури кои припаѓат само на една од листите соодветно
* (IDTA: bronze/silver/gold) - Фигури кои на IDTA листата се на различно ниво
* (IDTA: common figure) - Фигури карактеристични за повеќе од еден танц

* ISTD - Imperial Society of Teachers of Dancing (Кралско Друштво на Танц Учители)
* IDTA - International Dance Teachers Association (Меѓународна Асоцијација на Танц Учители)

#WeAreDanceSport