ТАНЦОВА ОСНОВА САЛСА
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
TAKE a CHANCE on DANCE

ТАНЦОВА ОСНОВА САЛСА

ПОЧЕТНА ПРОГРАМА САЛСА (BEGINNERS PROGRAM SALSA)

Почетната Програма Салса ги поставува основните темели на Карибската група Латино танци. Таа е дизајнирана за нови студенти кои сакаат да се запознаат со првите танц чекори и поими на популарната
Салса, Бачата, Меренге, Кизомба, Зук.

На часовите се изучуват елементарни и атрактивни почетни фигури, со цел да се доживеат основните чувства на забава и рекреација, како и предизвикот и возбудата кои овие танци ги пружаат на танцовите забави во градот.

#ТанцувајСоНас

#DanceWithUs

WE ARE DANCE RECREATION

Престижно танц школо, Брзо учење, Екстра Цена

#WeAreDanceRecreation

ДРУШТВЕНА ОСНОВА САЛСА (SOCIAL FOUNDATION SALSA)

Програмата Друштвена Основа Салса е прва планирана и системски организирана танц програма на Прима Данца. Ги опфаќа основните фигури и елементи неопходни за солидно танцување на друштвено ниво.

Клучните елементи овозможуваат стабилност по принципот "Снајди се сам" во повеќето ситуации на друштвено танцување, посебно на танцовите забави.

Со завршување на програмата, се постигнува основно чувство и способност за препознавање на Карибските танцови ритми, прецизна работа на рацете, телото и стапалата, како и темели за добро водење (партнер) и следење (партнерка).

#ТанцувајСвојСтил

#DanceYourWay

WE ARE DANCESPORT

Престижно танц школо, Супер систем, Врвни инструктори

#WeAreDanceSport

НАПРЕДНА ОСНОВА САЛСА (ADVANCED FOUNDATION SALSA)

Програмата Напредна Основа Салса дава широк спектар на танц фигури и елементи, како и способност за нивно комбинирање.

Претставува одлична подготовка за брилијантно, атрактивно и заводливо танцување на танцовите подиуми на забавите во градот и пошироко.

#НиеТанцувамеЗаедно

#WeDanceTogether