ТАНЦОВА ОСНОВА ДЕЦА
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
TAKE a CHANCE on DANCE

ТАНЦОВА ОСНОВА ДЕЦА

МОДЕРНИ ТАНЦИ (MODERN DANCES)

Ако сакате Вашето дете да танцува соло или да биде дел од екипа која танцува групна кореографија, тогаш овие танц дисциплини се вистинските.

Од Балетски форми, преку Шоу и Џез Денс дисциплините, па се до Латино Фитнес, Рок ен Рол и Акробатика, нашите искусни, грижливи и пријтелски инструктори на неверојатно лесен и едноставен начин ќе ја вградат природата на движењата и танцувањето кај секое дете.

#ТанцувајСоНас

#DanceWithUs

WE ARE DANCE RECREATION

Престижно танц школо, Брзо учење, Екстра Цена

#WeAreDanceRecreation

ЛАТИНО ТАНЦИ (LATIN DANCES)

Детските Латино програми се исполнети со основни и сложени танц чекори и техники на секогаш атрактивните и егзотични Латино ритми.

Со посебен осврт на работата на рацете, телото и стапалата, сплотени со уникатниот Латино карактер и емоциите, нашите експерти креираат профил на деца и млади кои градат висок степен на самодоверба, убав изглед, правилно телесно држење, префинет вкус, елеганција, тимска работа.

#ТанцувајСвојСтил

#DanceYourWay

WE ARE DANCESPORT

Престижно танц школо, Супер систем, Врвни инструктори

#WeAreDanceSport

УЛИЧНИ ТАНЦИ (STREET DANCES)

Најатрактивниот и кај младата популација најпопуларниот танц во оваа група е Хип Хоп. Во акција на Соло, Дуо, Трио, Група или Формација, овие танци креираат неверојатна способност за прецизна и брза координација на различни акции со поединечни делови на телото во исто време.
Синхронизацијата е најчесто на музички ритми кои денес популарно се вртат во етерот.

Дали е во чиста или во шоу варијанта, танцувањето и настапите со сите свои пропратни елементи даваат подлога за градење на високо ниво на психофизичка стабилност и издржливост кај децата и младите.

#НиеТанцувамеЗаедно

#WeDanceTogether