ТАНЦОВА ОСНОВА
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
TAKE a CHANCE on DANCE

ТАНЦОВА ОСНОВА

ПОЧЕТНА ПРОГРАМА (BEGINNERS PROGRAM)

Почетната Програма во Прима Данца е дизајнирана за нови студенти кои сакаат да се запознаат со првите танц чекори и поими. Програмата ги поставува основните темели на оние друштвени танци кои се најприменливи во пракса.

На часовите се изучуват елементарни и атрактивни почетни фигури на неколку избрани популарни танци, со цел да се доживеат основните чувства на забава и рекреација, како и предизвикот и возбудата кои овие танци ги пружаат на места каде може да се танцуваат.

#ТанцувајСоНас

#DanceWithUs

WE ARE DANCE RECREATION

Престижно танц школо, Брзо учење, Екстра Цена

#WeAreDanceRecreation

ДРУШТВЕНА ОСНОВА (SOCIAL FOUNDATION)

Друштвена Основа е прва планирана и системски организирана танц програма на Прима Данца. Ги опфаќа основните фигури и елементи неопходни за солидно танцување на друштвено ниво.

Клучните елементи овозможуваат стабилност по принципот "Снајди се сам" во повеќето ситуации на друштвено танцување, посебно на танцовите забави.

Со завршување на програмата, се постигнува основно чувство и способност за препознавање на различни танцови ритми (спори и брзи), прецизна работа на рацете, телото и стапалата, како и темели за добро водење (партнер) и следење (партнерка).

#ТанцувајСвојСтил

#DanceYourWay

WE ARE DANCESPORT

Престижно танц школо, Супер систем, Врвни инструктори

#WeAreDanceSport

НАПРЕДНА ОСНОВА (ADVANCED FOUNDATION)

Програмата Напредна Основа дава широк спектар на танц фигури и елементи, како и способност за нивно комбинирање.

Претставува одлична подготовка за следните нивои, преку кои Прима Данца, во рамките на едукацискиот систем за напредно танцување, ќе Ве внесе во бесконечниот волшебен свет на танцот.

#НиеТанцувамеЗаедно

#WeDanceTogether