PRIMA DANZA
Modern and DanceSport Society
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
Modern and DanceSport Society
PRIMA DANZA
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
ЏАЈВ

KICK, FLICK, JUMP AND JIVE

#WeAreDanceRecreation

Tuesday, May 26, 2020
Џајв е меѓународно признаено име на еден танц кој го има во повеке врсти кои се меѓусебно блиски според потеклото од Афро Американските предци. Членовите на оваа фамилија на почетокот на триесетите години на 20. век се Lindy Hop, Blues и Swing. Овие танци во четириесетите години се пропратени и со хит танците на тие времиња, како што се Boogie Woogie, Jitterbug и Beebop, а во педесетите им се приклучил и Rock and Roll. Карактеристика на овие танц форми и во денешно време е музика која со своето ритмичко нагласување ги привлекувала и се уште ги привлекува и младите и старите на танц подеднакво.

Овие танци се развивани и кореографски дополнувани во САД со веќе домашните слободни стилови, а во Европа се стигнати благодарејки на Американските војници. Во танцот превладува слободниот стил на движење и акробатските елементи кои во кругот на младите многу брзо станале популарни. После војната, главна музичка насока станал Boogie, меѓутоа судиите барале една поумерена форма која би можеле да ја „вклопат“ на танцовите подиуми. Така Англиските учители формирале, користејки нешто побавна музика, елегантен меѓутоа сепак жив Џајв. Танцот е доста врзан за место, а чекорите се состојат во најголем дел од Rock и Chasse елементи. Џајвот е воочливо жив, младолик, весел, темпераментен, ритмички танц во кој танцовите двојки со своите чекори го истакнуваат музичкиот нагласок. Музиката е брза, полетна, темпераментна, безгрижна, весела, обчинувачка.

Џајвот е најживиот танц меѓу Латиноамериканските танци. На натпреварите и во танцовите школи ги опчинува младите луѓе. Во 1968 година, внесен е во кругот на натпреварувачки латино американски танци како 5. танц.

Tuesday, May 26, 2020
Се мешаат стилови на Jitterbug и Boogie Woogie исполнети со кикови и фликови како и со движење на торзото и колковите.

Карактер:

Ритмички, кикови и фликови;

Движење:

Не е прогресивно, од и до центарот на движење;

Такт:

4/4;

Темпо:

42 - 44 тактови/минута;

Наглсок:

На вториот и на четвртиот удар;

Подигање и спуштање:

Нема;

Динамика:

Одеднаш, директни и лесни движења.

Bronze

American spin
Basic in place
Change of hands behind the back
Change of places (COP) L to R
COP R to L
Chasses to L & R
Fallaway rock
Fallaway throw away
(IDTA: silver)
Kick ball change
(IDTA: silver)
Left shoulder shove (ISTD)
Link & link rock
Walks
Whip

Silver

Double cross whip (IDTA)
Reverse whip
Rolling off the arms
(IDTA: gold)
Spanish arms
(IDTA: gold)
Stop and go
(IDTA: gold)
Whip throwaway
Windmill
(IDTA: gold)

Gold

COP (R to L) with ladies double spin
(*, IDTA: silver)
Chicken walks
Curly whip
(IDTA: silver)
Flicks into breaks (ISTD)
Overturned COP (L to R)
(*, IDTA: silver)
Simple spin (ISTD)
Toe heel swivels (ISTD)

* (ISTD) или (IDTA) - Фигури кои припаѓат само на една од листите соодветно
* (IDTA: bronze/silver/gold) - Фигури кои на IDTA листата се на различно ниво
* (IDTA: common figure) - Фигури карактеристични за повеќе од еден танц

* ISTD - Imperial Society of Teachers of Dancing (Кралско Друштво на Танц Учители)
* IDTA - International Dance Teachers Association (Меѓународна Асоцијација на Танц Учители)

#WeAreDanceSport