PRIMA DANZA
Modern and DanceSport Society
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
Modern and DanceSport Society
PRIMA DANZA
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
САМБА

ГОРЕ, ДОЛУ, НАПРЕД, НАЗАД

#WeAreDanceRecreation

Tuesday, May 26, 2020
Самбата е збирно име на повеќе танцови форми, кои црните робови со себе ги пренесувале од својата татковина Конго, Судан и Ангола во текот на минатите векови во новата земја, Бразил. Во тоа време овој танц бил многу популарен, а го носел името „Semba“, што означува типично движење на колковите. Кај банту народите екстазниот танц бил средиште и основна карактеристика на верските (култни) прослави. Оваа Афричка танц култура се раширила и на бреговите на Бразил, а танцот се одомаќинил и во Рио, Сао Паоло, Пернамбуко, Бахиа и Маранхао.

Покрај тој танцов израз, популарен бил и танцот во круг. Во средината на кругот танцувал еден танчер или двојка. Овие танци Бразилците ги нарекувале Batuque, Lundu или Samba, а означувале движење те. прослави. Најпопуларен танц по круг бил „Samba de Moro“, кој можеме да го сметаме како претходник на модерната Самба. Музиката на Самбата произлегува од верската (култна) музика на древната Африка. Главните инструменти (тапани и ѕвона), се воглавно од Афричко потекло. Брзата и жива музика го предизвикувало танцовото движење. Во текот на танцувањето двојките обрнуваат внимание не само на движењето нанапред по просторот, туку и на оживувањето на таканареченото Баунс (Bounce) движење. Ова движење се случува со свиткување на глуждовите и колената.

Денес Самбата господари во Бразилскиот музички живот. Секоја година во чест на светски познатиот карневал во Рио, се раѓаат нови Самба мелодии.

Во 1910 година од Бразил во Европа стигнал танц под името Maxixe, кој правел танцовата двојка телесно прилично да се спои, меѓутоа немал некој поголем успех. Во натпреварувачките кругови овој бразилски танц повторно се појавува во 1924 и 1925 година под името Самба. Самбата дури после 2. светска војна била внесена на постојаниот репертоар на танцовите оркестри. Еден силно поедноставен облик на Самбата станал многу популарен во 1948 и 1949 година.

Самбата изборила свое место на танцовите паркети со својата леснотија и безгрижност. Танчерите со една врста на брановидно движење во телото се движат на подиумот, а тоа произлегува од движењето на колковите. Во Европската форма на Самбата се внесени и елементи на движења со потекло од Африка.

Самбата се танцува како 1. танц на натпреварите во Латиноамерикански танци.

Tuesday, May 26, 2020
Типичната Самба Баунс акција се постигнува со свиткување и испружање на колената и глуждовите на потпорната нога. Секое свиткување и испружање трае по 1/2 од ударот. Степенот на користењето на Баунсот не е ист во секоја фигура. Некои фигури имаат мала акција, а некои воопшто и ја немаат.

Самба движењето би требало да се прикаже со „парадирање“ по кругот во просторот со покажување на публиката, а понекогаш и без движење во просторот, останувајки на едно место.

Карактер:

Жива и пријатна;

Движење:

Цик цак насоки, "парадирање" и кружење во просторот или на место;

Такт:

2/4;

Темпо:

50 - 52 тактови/минута;

Наглсок:

На вториот удар;

Подигање и спуштање:

Самба Баунс акција;

Динамика:

Тежина, сега и одеднаш, флексибилност.

Bronze

Alternative basic:
natural & reverse
Basic movement:
natural & reverse
Bota fogos to PP & CPP
(IDTA: silver)
Corta jaca
Lady s spot volta
Outside basic (ISTD)
Progressive basic
Reverse turn
Rhythm bounce (ISTD)
Samba walks in PP
Side basic (ISTD)
Traveling bota fogos:
forward & backward
Voltas to R & L
Whisks

Silver

Argentine crosses (ISTD)
Closed rocks
(IDTA: bronze)
Shadow bota fogos
Side samba walk
(IDTA: bronze)
Volta movements
(Criss cross, Maypole,
Solo spot volta)

Gold

Back rocks
(IDTA: silver)
Contra bota fogos
Cruzado locks in shadow position
Cruzados walks (IDTA)
Foot changes
Natural roll
(IDTA: bronze)
Open rocks
(IDTA: silver)
Plait
(IDTA: silver)
Promenade & counter- promenade runs
Rolling off the arm (ISTD)
Stationary samba walks
(IDTA: bronze)
Traveling locks in open CPP
Volta movements:
(Closed volta,
Traveling and circular voltas
in R. shadow position,
Roundabout)

* (ISTD) или (IDTA) - Фигури кои припаѓат само на една од листите соодветно
* (IDTA: bronze/silver/gold) - Фигури кои на IDTA листата се на различно ниво
* (IDTA: common figure) - Фигури карактеристични за повеќе од еден танц

* ISTD - Imperial Society of Teachers of Dancing (Кралско Друштво на Танц Учители)
* IDTA - International Dance Teachers Association (Меѓународна Асоцијација на Танц Учители)

#WeAreDanceSport