PRIMA DANZA
Modern and DanceSport Society
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
Modern and DanceSport Society
PRIMA DANZA
#DanceWithUs
#DanceYourWay
#WeDanceTogether
АНГЛИСКИ ВАЛЦЕР

THE QUEEN OF THE DANCES

#WeAreDanceRecreation

Tuesday, May 26, 2020
Англискиот валцер го добил своето име според земјата од која потекнува. Танцуван е веќе на светското првенство во 1922 година, а самото име се користи дури од 1929 година.

Танцот почнал да се формира од Бостон и Слоуфокс. Порано бил прилично прогресивен танц и го нарекувале „Dance of Passing Feet“ (танц во кој едното стопало поминува блискиу до другото). Меѓутоа, со тек на времето, заради зголемениот број на вртења, на крајот од тактот почнал да се користи приклучок на едното стопало кон другото.

Структурата добила дијагонален карактер, бидејки целите вртења се чинеле многу комплицирани и при вртењата во десно и лево направено е да има само 3/4 од вртењето. Оваа нова танцова форма ја изработиле англиски танц учители и како таква била признаена и од Imperial Society of Teachers of Dancing (Кралско Друштво на Танц Учители) во 1927 година.

Англискиот Валцер, кој се танцува на лесна, сентиментална музика, поради ритмичките движења, станал најхармоничниот танц во групата на Стандардни танци. Карактерот на танцот се покажува во бавните и изедначени нишања и просторно прогресивните вртења кои владеат на танцовиот подиум без било какво кршење во телото.

Англискиот Валцер се танцува како 1. танц на натпреварите во Стандардни тнци и многумина го нарекуваат и „Кралица“ на танците.

Tuesday, May 26, 2020
На натпреварувачко ниво, акцијата која се покажува се нарекува "Waltz Pendulum Action“, која може да се спореди со движењето на јазичето на ѕвончето. Мора да има добро нишање према доле и горе и тоа избалансирано со потребното просторно движење.

Како и во сите танци, потпорната нога е многу важна, а за валцерот пресуден момент е оној кога почнува подигање од потпорната нога. Спуштањето на потпорната нога кај Англискиот Валцер бара типична тензија и контрола во стопалата.

Карактер:

Нишање и континуиран тек, меки и заокружени движења, сентиментален и романтичен танц;

Движење:

Нишање како клатно;

Такт:

3/4;

Темпо:

28 - 30 тактови/минута;

Наглсок:

На првиот удар;

Подигање и спуштање:

Почеток на подигањето на крајот на 1, продолжување на подигањето на 2 и 3, спуштање на крајот на 3;

Динамика:

Добро избалансиран континуиран тек, тежина и просторно - временско движење.

Bronze

Back whisk
Backward lock
(IDTA: silver)
Basic weave
Chasse from PP
Closed changes
Closed impetus
(IDTA: common figure)
Double reverse spin
(IDTA: silver)
Hesitation change
Natural spin turn
Natural turn
Outside change
Progressive chasse to R
Reverse corte
Reverse pivot
Reverse turn
Whisk

Silver

Closed telemark
Cross hesitation
Drag hesitation (IDTA)
Forward lock (IDTA)
Open impetus
Open telemark
Outside spin
Turning lock
Weave from PP
Wing

Gold

Closed wing
Contra check
Fallaway natural turn (IDTA)
Fallaway reverse and slip pivot
(IDTA: common figure)
Fallaway whisk (IDTA)
Hover corte (ISTD)
Left whisk
Running spin turn (IDTA)
Turning lock to R
(IDTA: silver)

* (ISTD) или (IDTA) - Фигури кои припаѓат само на една од листите соодветно
* (IDTA: bronze/silver/gold) - Фигури кои на IDTA листата се на различно ниво
* (IDTA: common figure) - Фигури карактеристични за повеќе од еден танц

* ISTD - Imperial Society of Teachers of Dancing (Кралско Друштво на Танц Учители)
* IDTA - International Dance Teachers Association (Меѓународна Асоцијација на Танц Учители)

#WeAreDanceSport